Д&Б: Прогнозите на македонската влада се преоптимистички

Bez autora
Jan 16 2011

Прогнозата на македонската влада за растот на БДП од 3,5 отсто во 2011 година е преоптимистичка и доколку се согледаат актуелните услови, реално е да се очекува растот да достигне два отсто. Ова се наведува во јануарскиот извештај за состојбите во македонската економија, што го објави една од најпознатите светски бонитетни куќи Дун & Бредстрит (Д&Б). Во извештајот се констатира дека Македонија и покрај тоа што има солидна платформа за забрзување на растот, заживувањето на економската економија оди бавно, што директно влијае и врз македонската економија. Според аналитичарите на Д&Б, главната загриженост за македонската економија е поврзана со фискалните дефицити регистрирани речиси во сите месеци на 2010 година.

Д&Б: Прогнозите на македонската влада се преоптимистичкиПрогнозата на македонската влада за растот на БДП од 3,5 отсто во 2011 година е преоптимистичка и доколку се согледаат актуелните услови, реално е да се очекува растот да достигне два отсто.

Ова се наведува во јануарскиот извештај за состојбите во македонската економија, што го објави една од најпознатите светски бонитетни куќи Дун & Бредстрит (Д&Б).

Во извештајот се констатира дека Македонија и покрај тоа што има солидна платформа за забрзување на растот, заживувањето на економската економија оди бавно, што директно влијае и врз македонската економија. Според аналитичарите на Д&Б, главната загриженост за македонската економија е поврзана со фискалните дефицити регистрирани речиси во сите месеци на 2010 година.

Дун & Бредстрит (Д&Б) предвидува дека македонската влада наскоро ќе биде принудена на кастрење на буџетските расходи, но и да пристапи кон ново надворешно задолжување.
- И во нацрт-буџетот за 2011 година, македонската влада планира буџетски дефицит од 2,5 отсто од БДП. Со оглед на кревките приходи ќе биде присилена на ребаланс на буџетот насочен кон кратење на трошоците, но според наши оценки тоа нема да биде доволно. Владата ќе мора да бара надворешно задолжување со цел да го финансира планираниот фискален јаз - се вели во извештајот.

Понатаму се наведува дека долготрајниот спор со Грција останува пречка на патот за членство во ЕУ и НАТО.

- Двете организации јасно ставија до знаење дека преговори за членство не може ни да се стартува се додека ова прашање не е решено. Без решение на повидок, Македонија нема да може да има корист од воена заштита од НАТО алијансата, а ниту ќе биде во можност да профитира од многу потребните средствата на ЕУ - се вели во соопштението.

Иако македонската економија полека се подобрува, кредитниот рејтинг на државата останува ист БД4б, што ја вбројува државата во економии со умерен ризик.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik